Идентификувани се четиринаесет лица, меѓу кои има еден малолетник, кои учествувале во вандализирањето на Министерството за надворешни работи, како и на возила на МВР, за време на протестот за случајот „Монструм“. Дел од собраните тогаш фрлаа камења и искршија прозорци на МНР, како и на неколку возила на полицијата. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски порача дека сите учесници во инциндентите ќе бидат санкционирани.
– Ние работевме со Единицата за насилен криминал и тие веќе се идентификувани. Во вчерашниот ден беа повикани 14 лица кои директно учествувале во ваквите насилства кон објектите или кон имотот на државата – истакна Спасовски.
Организаторот на протестот веќе доби прекршочна санкција и казна во вредност од 500 евра.