Од Ургентниот центар во Куманово вчера во попладневните часови во полиција пријавиле дека било донесено дете со повреди од пад.
Полицијата излегла на локацијата каде се случил инцидентот, при што било утвредено дека вчера околу 14.30 часот, шестмина малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат.
Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден 14-годишник движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.
Детето се здобило со тешки повреди по што било пренесено во ломплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Кумановската полиција извршила увид на местото на настанот.