Во канал со вода вчера е пронајдена почината З.Д.(78) од скопското село Стајковци.
Како што соопшти МВР, жената била пронајдена на местото викано „Орман трло“ во атарот на скопското село Стајковци.
Случајот бил пријавен во Полициска станица Гази Баба.
Нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје во средата пријавила во полиција дека нејзината мајка исчезнала.
Од Итната медицинска помош е констатирала смрт без траги на насилство. За настанот известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е предадено во Судска медицина.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.