Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата, потврди утрово за МИА, доктор Ратко Грков, лекар во Итна медицинска помош во Кавадарци.
– Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино – село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби- појасни докторот.
Тој апелираше за внимателност, до сите учесници во сообраќајот, со цел поголема безбедност.
Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.