Дваесет и петгодишен жител на тетовско село, вчера во 12 часот во СВР Тетово пријавил дека во 2022 година, женско лице од Кочани, со кое претходно стапил во контакт, му ветило дека ќе му обезбеди бугарски документи, а за возврат тој ѝ платил одреден паричен надомест.
Меѓутоа, досега ниту ги добил документите, ниту му биле вратени парите.
Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.