Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Јавното обвинителство рече дека според сознанијата и исказите на осомничените, 14-годишната Вања Ѓорчевска е киднапирана во влезот на зградата и со врзани раце и нозе и во вреќа за спиење е ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена надвор од Скопје, каде е убиена по што е запалено возилото.
Како што појасни Спасовски, возилото „цитроен“, сопственост на убиениот велешанец, на „сејф сити“ првпат се појавува на 27 ноември, кога е киднапирана Вања.
Пред возилото „цитроен“ со кое е киднапирана Вања, се наоѓало возило „рено канго“. Двете возила по нејзиното киднапирање заминуваат надвор од Скопје.
Прес-конференција за убиството на Вања
На прес-конференцијата, Спасовски рече дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија.
Спасовски ги негираше и информациите пласирани во јавноста дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ.