Фото: МВР

Патничкото возило марка „ауди“, кое пред два дена излета од патот Сарај – Рашче и падна во реката Вардар, било управувано од 23-годишната Н.А., информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во оваа сообраќајна несреќа загинаа четири лица од семејството што живее во скопско Грчец.

Преживеано е само петгодишното дете кое излетало од возилото при неговото превртување. Детето е пронајдено од случајни минувачи.

Вчера попладне од водите на Вардар, во близина на местото на несреќата, е пронајдено телото на четвртото починато лице во сообраќајната несреќа, по кое претходно се трагаше.

Претходниот ден заедно со автомобилот од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица.

Од скопското обвинителство информираа дека се работи на утврдување на причините за несреќата.

Детето кое беше повредено во сообраќајната несреќа веќе е на домашно лекување.