Фото: Пиксабеј

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец поради бројни измами со кои довел во заблуда 11 лица и им зел вкупно 529.650 денари за помалку од една година, пренесува „Макфакс“.

Како што објави МВР, Б.А.(36) од Скопје, се сомничи за 11 кривични дела, од кои осум кривични дела „измама“ и три „измама во обид“.

– Пријавениот, во период 13 јануари до 30 октомври 2022 година, измамите ги вршел преку мобилен телефон, при што од оштетените противправно присвоил пари во висина од 529.650 денари. Пријавениот довел во заблуда и измамил 11 физички лица, така што лажно се претставувал и нудел разни услуги при купопродажба на возила, купување градежни материјали, прехранбени производи, превоз на стока, превод на документација и слично – велат од полицијата.