фото: Емил Јовановиќ

Нуркач е пријавен за исчезнат при нуркање во Охридското Езеро на длабочина од 89 метри, во близина на селото Трпејца.
Веста за пријавата за исчезнување за „Нова Македонија“ ја потврдија од СВР Охрид. Оттаму велат дека во тек е потрага.
– На 9.8.2025 годна во 13:15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т. (52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваат тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“ – вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид за „Нова Македонија“.