Судењето за случајот „Транспортер 2“ не се одржа бидејќи еден од обвинетите имал мозочен удар, а екс-секретарот на општината Битола, Слободан Бончановски, бил позитивен на ковид-19.
Во случајот „Транспортер 2“ обвинети се екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и уште пет други лица и се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година.
Според обвинението, шестмината, вработени во општина Битола, се сомничат за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според обвинтелниот акт, пријавените на општина Битола ѝ причиниле материјална штета од 4.321.388 денари со тоа што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот.
М.М.