Пронајдено е машко тело во реката Вардар, а во моментов се идентификува дали станува збор за 22-годишниот кумановец кој излета со автомобилот минатата недела.
Од тетовската полиција потврдија дека е најдено тело во реката Вардар, но сѐ уште не е извршена официјалната идентификација. Полицајци од СВР Тетово го нашле телото.
– Во 10.40 пронајдено е безживотно тело на машко лице во непосредна близина на касарната Еребино, до вториот бетонски мост. Телото наскоро треба да се извлече од водите и да се изврши официјална идентификација. Повикан е лекар од Судска медицина и јавен обвинител – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.