Фото: МИА / Илустрација

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога – Единица за недозволена трговија со дрога, вчера во координирана акција извршија претрес на две локации во дом кај З.Н. (20) од скопско Мралино.

Како што информираат денеска од МВР, при претресот се пронајдени седум пакувања марихуана и едно пакување со семки од растението канабис.
З.Н. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.