Пожарот кој утрово избил во трговскиот центар Ист Гејт е локализиран, вели Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, за „Нова Македонија“.
-На терен се пет противпожарни возила. Пожарот е локализиран, но се уште сме на терен, додека целосно не се расчисти состојбата – вели Томевски.
Пожарот избувнал на најгорниот кат, во делот на рестораните кадешто се подготвува храна. Нема повредени, само има материјална штета.
-Се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата. На терен се 15 пожарникари – изјави Томески.
Пожарникарите добиле дојава од вработените во трговскиот.
На посетителите уште не им е дозволен влез.