Полицијата вчера попладне го привела Д.В.(66) од село во Македонски Брод затоа што по претходна расправија со неговата 63-годишна сопруга предизвикал пожар во семејната куќа, која целосно изгорела.
Како што соопшти МВР, пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Македонски Брод, а Д.В. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик.