Ноќеска по полноќ е запален „мерцедес“, сопственост на чувар од затворот „Идризово“. Ова е петто возило во шест месеци кое изгоре под чудни околности.
„Мерцедесот“ бил паркиран во дворот на чуварот. Пожарот се случил два часа по полноќ во скопско Ново Село. Чуварот вработен во „Идризово“ го забележал пожарот и реагирал брзо.
-Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.
Меѓу последните случаи, беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.