Градежен работник вчера пријавил дека при ископ во скопска Автокоманда, во општина Гази Баба, пронашол коски налик на човечки, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
-Г.Ј. (39) од Пехчево вчера во 11 часот и 55 минути во СВР Скопје пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина, во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки – се наведува во информацијата од МВР.
По насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.






































