Откако ислуша дел од пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски кој доби нови девет години затвор како казна и порача на судијката Софче Гаврилова-Ефремова дека е слуга на експремиерот Зоран Заев. Тој беше револтиран од моментот кога судијката објаснуваше дека парите од околу 700 илјади евра биле законски одмрзнати и без да добие збор и кажа: „Не, ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите“.
Бојан Јовановски доби 9 години затвор, Јасна Ерцеговиќ 4, а Ременски ослободена од обвинение
-Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев. Господ ќе суди, ќе казни – рече Јовановски по што ја напушти судницата.
Реакцијата следеше откако судијката кажа: „Тие парични средства биле замрзнати да се провери потеклото во смисла тој што ги уплаќа. По проценката дека тие се легални пари“.
Четири казни за физички и една за правно лице, изрече судијката Софче Гаврилова-Ефремова заедно со судечкиот совет во случајот „Меѓународен сојуз“. На претседателот на невладината организација Бојан Јовановски-Боки13 му изрече девет години, заменик-претседателката Јасна Мандиќ доби четири години, таткото на Бојан, Миле Јовановски доби условна казна. Експратеничката Фросина Ременски е ослободена од обвиение. Асистентката на Боки 13 – Кристина Блажевска и е изречена казна од една година. „Меѓународен сојуз“ треба да плати еден милион денари.
Адвокатот на Јовановски, првообвинет во случајот „Меѓународен сојуз“, Сашо Дуковски смета дека денешните судски пресуди не се заснова на докази изведени во текот на постапката, туку е според него, несреќен компромис меѓу политика и личен аномозитет на судијата кон мојот клиент.
-Не влегувам воопшто во драконската казна, затоа што сметам дека нема извршено кривично дело во случајов. Се гледа дека судот употребил некаков труд во препишување и учење на коментари за кривичното дело. Доказ на главен претрес нема. Стана опасна мода за секое дело од стопанскиот криминал, да биде гонет сторителот и за перење пари. Тоа е предикативно кривично дело. Не ми е јасно дека судот веројатно има посебни способности, кога со таква прецизност ги утврди наводните пачки, во кој износ биле. Наводните пари судот вели биле потрошени за лични деловни потреби. Каде е доказот за тоа? Ова е пример за пресуда каква не треба да биде донесена. Секако ќе биде обжалена – рече Дуковски пред Кривичниот суд.
Според адвокатот на Боки-13, останатите обвинети требале да бидат ослободени исто како што е ослободена поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски.
Такткото на Бојан, Миле Јовановски, пресудата за неговиот син ја нарече одмазничка.