Фото: Маја Јаневска Илиева / Илустрација

Голем пожар избувна рано утринава во скопската населба Шуто Оризари, при што биле зафатени неколку дуќани.

Од пожарот се издига густ чад, кој е видлив од околните делови на Скопје. На терен се интервенираше со цел пожарот да биде ставен под контрола и да се спречи негово понатамошно ширење.

Од ЦУК информираа дека биле успратени 15 пожарникари и шест противпожарни возила кои го гаселе пожарот од 03.30 до 06.45 часот.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, како ниту за точната причина за избувнувањето на пожарот.

Надлежните служби се на терен, а повеќе информации за состојбата и причините за пожарот се очекуваат во текот на денот.