Четворица малолетници од Демир Капија силувале врсничка, мајката на девојчето пријавила во полиција, за ова денеска информираа од СВР Велес.
Оттаму појаснија дека синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка, во објект во изградба, во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив.
– Запознаен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и Центарот за социјални работи Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – додадоа од СВР Велес.