Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица, државјани на Руската Федерација, за тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 и член 22 на Кривичниот законик.
Обвинетите, по претходен договор, на 14 март се обиделе да одземат пари, така што со погоден рачен алат се обиделе механички да дејствуваат и да направат отвор во банкомат на Халк банка на улица Методија Митевски во Скопје за да ги одземат парите што се наоѓале во банкоматот. Во тој момент биле затекнати од овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи и биле спречени во намерата.