Судот им определи 30-дневен притвор на една италијанска државјанка и еден германски државјанин кои се уапсени за криумчарење мигранти преку граничниот премин Богородица.
Според информациите на МВР, на 05 јануари на граничниот премин Богородица бил приведен К.E.(33), државјанин на Германија, поради тоа што во патничко возило „фолксваген“, со германски национални ознаки, превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија, за кои подоцна било утврдено дека биле украдени во текот на 2019 година.
Во врска со настанот, подоцна била приведена и Р.А. (30), државјанка на Италија
Против нив е поднесена кривична пријава за кривично дело криумчарење мигранти.