На 30.04.2021 во 22.15 часот на ул. „Ленин“ во Тетово, од страна на полициски службеници од СВР Тетово, по распишана потерница и добиена судска наредба, бил приведен Н.А.(48) од Тетово, осуден на казна затвор.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.