Во полициската станица во Аеродром, во вечерните часови на 29 март од страна на лекари од итната медициска помош било пријавено дека на улицата Фрањо Клуз бил пронајден починат 37-годишниот П.М. од Скопје.
Од екипа на брзата помош била констатирана смрт без траги на насилство.
За настанот известен е и Jавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. На местото увид извршила екипа на СВР Скопје.