СВР Битола – Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело„загрозување на сигурноста“, по член 144, став 4 од Кривичниот законик.
На 20 септември во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19 септември во периодот од 19 до 21 часот, како и на 20 септември, едно лице од свој фејсбук-профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник, и неговото семејство.
Веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп велат од СВР Битола. Ка.М.