Архива / Фото: Игор Бансколиев

Ако автобусот на „Беса транс“ немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да не би смеел да премине граница на Европската Унија, врз основа на прописите на ЕУ, според информациите што ги доби МИА.

Европската комисија не се меша во истрагата, како што пренесува МИА, иако законодавството на ЕУ предвидува низа правила за лиценци и дозволи за превоз и од оваа институција, и не е исклучено дека тие биле прекршени.

Одговорноста за надзор и проверка на документацијата и за спроведувањето на законите ја имаат земјите-членки на ЕУ.

Според европските прописи, автобусот не би смеел да добие лиценца од Бугарија, бидејќи европското законодавство не дозволува издавање на лиценци на оператори чии возила се регистрирани надвор од земјите-членки на ЕУ.

Македонските власти соопштија дека автобусот на „Беса Транс“ го нема во базата на податоци на Министерството за транспорт и врски. Царината информираше дека се истражува кој го пропуштил возилото без валидна дозвола.