Две малолетни деца, на возраст од 2 и 5 години, се тешко повредени при судир на локомотива со автомобил на железнички премин во близина на училиштето „Коле Канински“ во Битола.
Двете деца се хоспиталзирани во Битолската болница, а едното од децата, кое е во потешка состојба, е транспортирано на Клиниките во Скопје. Нивната мајка, која управувала со автомобилот, минала со лесни повреди и не е хоспиталзирана.
Двегодишното дете е во многу тешка состојба и е транспортирано на Универзитетска клиника за детска хирургија во Скопје, додека петгодишното дете, кои исто така има тешки телесни поврди, хоспитализирано е на Одделението за неурохирургија во Клиничка болница Битола и засега е во стабилна сосотјба.
Од полицијата засега немаат информации како дошло до несреќата. Се испитува дали возилото минало преку пругата додека рампата била спуштена на железничкиот премин.
M.M.