Фото: Илустрација

Во сообраќајката што синоќа околу 20 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај село Колари, четири лица се потешко и полесно повредени. Со потешки повреди се здобила А.Ч.С. од Кичево, која поради сериозноста на повредите е пренесена во ургентниот центар во Скопје, додека со полесни повреди се здобиле Д.Ш. и Б.С.(31) возач и совозач во возилото „ламборгини“ од Скопје, како и П.П., возач на возилото „киа“, исто така од Скопје.

Инаку во оваа сообраќајна колизија учевствувале четири возила и тоа ПМВ „Фолсваген-Буба“ со кичевски регистерски ознаки, управуван од А.Ч.С.(32) од Кичево,„сеат“ со скопски регистерски ознаки управуван од Г.Н., „ламборгини“ управуван од Д.Ш.(24) од Скопје и ПМВ „киа“ управуван од П.П. (23 ) и двете возила со скопски регистарски ознаки..

На местото на незгодата извршен е увид од страна на полициски службеници.

З.А.