Во утринските часови на 4 јули во полициската станица Карпош, скопјанец пријавил дека 26-годишна Италијанка, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од 19-годишник од Скопје, со привремено живеалиште во Италија.

По координацијата, на терен излегле полицајци од СВР Охрид и во изнајмен стан на улицата „Партизанска“, била пронајдена италијанската државјанка како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на споменатиот 19-годишник.

Двајцата скопјани набргу биле приведени во СВР Охрид. За настанот е запознаен јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одреден притвор во траење од по осум дена.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.