Момче на возраст од 21 година било прегазено од воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11.40 часот, пред новиот мост „Гемиџии“ во Велес, потврдија од СВР Велес за МИА.

На местото на настанот била повикана екипа од Службата за итна медицинска помош, но само констатирала смрт кај прегазеното момче.

Сообраќајот во Велес беше во застој во текот на два часа, бидејќи возот го блокирал преминот кај Нов Мост. Полициски екипи и јавен обвинител излегоа на местото на настанот за да извршат увид.