Се степале пред угостителски објект, а еден од нив нападнал и полицаец
Завчера околу 4.30 часот, на паркинг пред угостителски објект во Куманово, од полициски службеници од СВР-Куманово биле приведени Б.К. (25) од с. Кучкарево, Ф.В. (21) од Скопје, А.А. (23) и И.С. (22), двајцата од Куманово, бидејќи откако Б.К. физички го нападнал Д.М. (21) од Скопје, приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а Б.К. агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник што вршел службени дејства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Санкционирани 180 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.6.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Скопје се изречени вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, десет санкции за возачи почетници, 20 санкции за управување без возачка дозвола.
Исто така, изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, девет санкции за управување технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет за непрописно престигнување и обиколување, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 санкции за непрописно паркирање.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од МВР.
Жена физички нападнала малолетни деца на „Бит-пазар“
Триесет и деветгодишниот Д.И. од Скопје на дваесетти месецов пријавил дека на подрачјето на „Бит-пазар“, по претходна расправија, С.Н. физички ги нападнала неговите две малолетни деца. Се работи на расчистување на случајот.