Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.
Судот треба да реши како понатаму ќе се одвива судењето, имајќи предвид дека еден од обвинетите е поранешниот премиер Никола Гуевски кој е во бегство во Унгарија.
Во „Траекторија“ обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во притвор во затворот „Скопје“, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.
Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.