Попладнево околу 17 часот во скопската населба Пржино изби голем пожар во поранешно училиште, а речиси од цел град може да се забележи голем чад.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот, а според скопската противпожарна бригада на терен интервенираат четири возила и дваесетина пожарникари.
Жителите од оваа населба се на улицата и се обидуваат да им помогнат на пожарникарите, кои се борат против силниот ветер што се заканува да го прошири пожарот врз околните куќи.