Реакцијата во Северна Македонија на европскиот предлог за деблокирање на евроинтеграциите на државата е доста загрижувачка за една демократска земја, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска во коментар на последните случување во земјава.
– Да им дадеме можност да и објаснат на нивната заедница што е овој пакет – рече Генчовска по денешната седница на бугарската Влада во оставка.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска нагласи дека она што може да се направи од бугарска страна е да не се шпекулира со информации објавени во медиумите во Македонија.
Според Генчовска, бугарската позиција е јасна и Министерството за надворешни работи на Бугарија строго ја почитува одлуката на бугарското Народно собрание.
– Колегите во РС Македонија треба да поминат низ процес согласно процедурите и да ги разгледаат документите преку нивната Влада и нивниот Парламент – додаде Генчовска.