И покрај големите напори што ги чинат ЈКП „Комуналец“ и општина Кичево, за урбаната опрема во градот да се зачува, да биде во добра кондиција и во секое време да им стои на располагање на неговите жители, сепак неодговорни граѓани вандалски се однесуваат кон урбаната опрема и често се случува да бидат оштетени и откорнати корпите за ситен комунален отпад и искршени столчињата за одмор. Поттикнати од овие проблеми одговорните лица и овој пат извршија санација на урбаната опрема на кејот на Сушица, каде се поставени нови клупи за одмор и канти за ситен комунален отпад.
– Во изминатите десетина години откако јас го менаџирам комуналното претрпијатие, многу често сме сведоци на уништување на урбаната опрема во сите делови на градот и калето од страна на неодговорни граѓани, на кои како да им е сеедно како изледа нивниот град. За да ја ублажиме состојбата, ние деновиве поставивме нови клупи на кејот на Сушица и ги саниравме и заштитивме дел од клупите кои пред неколку години тука беа поставени.Исто така покрај клупите за одмор на овој локалитет во ек е и поставување на нови корпи за ситен комунален отпад и нивна заштита од корозија со целосно бојосување. Се надеваме дека овој пат свеста ќе проработи кај неодговорните граѓани и тие наместо да ја уништуваат, да се погрижат да ја зачуваат урбаната опрема која е поставена и за нивно добро – вели Зендел Јонузи директор на ЈКП „Комуналец “Кичево.
Јонузи се пожали на помладите од градот кои седат на горниот дел од клупите, а каде што треба да се седи ги ставаат нозете и ги валкаат клупите, додека корпите често завршуваат во речното корито. З.А.