Фото: Собрание

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили и координаторите на пратеничките групи, Јован Митрески, Никола Мицевски, Арбер Адеми и Сурија Рашиди одржаа работна средба со амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир, во Парламентот.

-На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во Собранието, парламентарниот дијалог, работата на ЕУ агендата и динамиката на усвојувањето на законите, вклучувањето на Собранието во скрининг процесот и напредокот на Дијалогот Жан Моне, а соговорниците се осврнаа и на уставните измени – информираат од Собранието.

Заеднички било оценето дека, градењето доверба и добрата соработка меѓу партиите во Собранието не е важна само за успешна реализација на реформите врзани со евроинтеграцијата, туку дека и оваа соработка е важна бидејќи ја обликува политичката култура во земјата.

-Беше договорено вакви средби да се одржуваат на редовна основа, со цел да се разгледа одблиску напредокот на државата на патот кон Европската Унија – соопштуваат од Собранието.