Ние заклучивме дека за поголемиот број пријавени случаи има неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ќе продолжи да постапува според утврдената медеодлогија, изјави членот на Комисијата д-р Ненси Лозанче на денешната прес-конференција, одоговорајќи на прашање на МИА што точно констатирале, кои се следните чекори и дали некои случаи ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.
– Како што беше изјавено и од министерот и од претседавачот на комисијата, од досегашните пријавени случаи, ние заклучивме дека за поголемиот број од нив имаме неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти. Сега засега тие се заклучоците на поголемиот дел од пријавените случаи, а понатаму комисијата ќе си продолжи со утврдената методологија и за подетални информации ќе имате веројатно и конечен извештај – одговори Лозанче.
Министерот Алиу, пак, рече дека ова не е конечен туку прелиминарен извештај и оти доплнително ќе бара мислење и од странските експерти.
– Како што комисијата и докторите веќе изјавија, ова е прелиминарен, значи не е конечен извештај. Втората фаза е заедничка работна средба со тројца експерти надвор од нашата држава, којашто притоа, по завршувањето на анализите од страна на нашата стручна комисија и надворешната стручна комисија, исто така, ќе имаме прес-конференција со конечен извештај и ќе видиме дали ќе се утврдат истите 10 случаи и од таа страна на таа комисија, на крај како што рековме, тој извештај кај нас ќе биде патоказ за дефинирање на политики во овој дел од здравствениот систем во државата – одговори Алиу.

































