Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во синоќешното гостување на ТВ21 рече дека на 47 илјади наши иселеници им се издадени патни исправи.
– Од 01.10.2021 до 09.02.2024 на 47.000 наши граѓани им се издадени нови патни исправи. Доколку им е предалеку базната станица со патен лист можат да дојдат во матичната земја и во законскиот рок да си ги добијат своите патни исправи. Во летните месеци и во декември и јануари секогаш имаме наплив за промена на личните документите – рече Бојмацалиев.
Додаде дека во 2019 година во МВР бил отвори тендер за набавка на нови базни станици од кои 25 се отстапени на МНР.