Поранешниот пратеник Павле Богоевски на својот профил на „Фејсбук“ објави дека е во самоизолација, откако претходно патувал во Германија, држава со среден ризик од коронавирусот.
„Во моментов немам симптоми“, напиша тој, укажувајќи на можен проблем со имплементацијата на мерките.
Друштво,Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките…
Posted by Pavle Bogoevski on Среда, 11 март 2020
– Иако нам ни се добро познати, забележав дека мал дел од патниците знајеа за мерките. Посебно делот за самоизолација и препораката за јавни собири. Доколку се враќате од некоја од државите со среден и висок ризик, комуницирајте ги мерките со останатите патници. Маските се корисни, но нивниот бенефит е ограничен и на крајот, сепак ќе го дишете истиот воздух со сите други патници на таа дестинација – вели Богоевски.