Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Битола на трибината „Фер општество – Шанса за сите“ истакна дека наскоро во Преспа ќе биде отворен граничниот премин „Маркова нога“.
– Во завршна фаза се преговорите меѓу министерствата за надворешни работи за отворање на граничниот премин „Маркова нога“ во Преспа на границата со Република Грција. Отворањето на граничниот премин ќе значи отворена врата кон ЕУ за цел регион, за жителите, малите бизниси…и затоа од ЕУ велат дека ќе обезбедат и дополнителни средства. Сакаат со дела и со средства да покажат дека политиката на добрососедство дава резултати. Тоа позитивно ќе се одрази за Битола и битолскиот регион, поголема меѓуопштинска соработка со соседните општини, а со ставањето во функција на железницата која до граничниот премин е во завршна фаза, ние ќе дадеме дополнителен мотор за локалниот и регионалниот развој – потврди Шекеринска.
Министерот за финансии Драган Тевдовски, дополни дека во функција отворањето на новиот граничен премин подготовки врши и Царината во Република Северна Македонија.
-Колку побрзо се отвораме, колку побрзо правиме важни чекори, толку е подобро за граѓаните, посебно во градовите, општините од овој регион – изјави Тевдовски.