Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени, а максималната од 20 до 27 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

И во Скопје, нѐ очекува слично време, кое ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во четврток ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, додека во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата.