Претседателот Стево Пендаровски рече дека сите политичари ќе се пријават на сајтот на Министерството за здравство и ќе се вакцинираат кога ќе им дојде редот.
Пендаровски соопшти дека одлуката е донесена со цел да нема злоупотреби на позициите и вакцинирање преку ред.
– На состанокот се договоривме од утре, сите ние – претседател, премиер, министри и други државни функционери, да се пријавиме на сајтот на Министерството за здравство како секој друг граѓанин и кога ќе ни дојде редот, според предвидените категории, тогаш сите ние ќе се вакцинираме. Значи, сосема небитно на која функција сме. Ние сме, така треба да биде за многу други работи не само за ова, исти со сите други граѓани кои живеат во оваа земја – рече Пендаровски.
Претходно неделава медиуми од Албанија пишуваа дека неколку македонски функционери преку ред се вакцинирале против коронавирусот. Ваквите написи беа демантирани од страна на Владата.