На патниот правец Демир Капија – Удово, на 2 километри пред Удово поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри.
На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, јави АМСМ.
Одрон има и на патниот правец Делчево – М.Каменица кај м.в. Бориштието, каде сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. И тука, на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.