Фото: Маја Јаневска-Илиева

Возобновени или воскреснати се повеќе древни божиќни и новогодишни каланди и направени виедозаписи, со благослов, поддршка и соработка на епископ г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.

На интернет-страницата на манастирот објавени се текстовите на каландите: „Сурова година, весела година” „Вечниот Бог” „Тројца цареви од Персија” „Христос се роди денес” „Сива, сива гулабице” „Христос се раѓат, на светот радост” „Сношти Христос ни се роди”.

Од Бигорскиот манастир посочуваат дека дел од каландите потекнуваат од византиско време, од ромејската култура и цивилизација чиј дел и наследство сме и ние, а дел се традиционални македонски словенски песни.

Јероѓакон Анатолиј и монахиња Касијана се најзаслужни за подготовката на каландите кои се пееле во периодот од Рождеството Христово – Божиќ, па сè до после обрезанието Христово и новото лето Господово.