Патниците што во земјвата доаѓаат со авиокомапнијата „Визер“ од Милано и Венеција уште во авион ќе пополнуваат прашалник со податоци за нивно полесно лоцирање доколку кај некој патник по слетувањето се појават симтоми на коронавирус.
Министерот за здравство Венко Филипче денес извести дека веќе имаат договор со авиокомпанијата.
– Патниците со „Визер“ од Милано и Венеција ќе пополнуваат здравствена локатор карта што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку по неколку денови се јави некој патник со симптоми, многу лесно ќе биде да ги најдеме сопатниците од авионот, посебно сопатниците кои седат неколку реда пред и зад тој патник во авионот, согалсно алгоритмните – рече министерот Филипче.
Прашалниккот што ќе го пополнуваат патниците во авионот е воведен како чекор за зголемување на контролата за заштита од вирусот.
Забраната за одржување јавни собори министерот Филипче рече останува до петок, кога во зависнот од состојбата ќе се донесе нова препорака.