Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, повика Бугарија и Македонија да го покренат прашањето за подигнување споменик на местото на загинувањето на Гоце Делчев, близу селото Баница, денешна Грција.
– Време е заедно, како братски држави, пред нашиот партнер Грција да го покренеме прашањето за поставување спомен-обележје на Гоце Делчев и таму заедно да го одбележуваме сеќавањето на него – напиша Каракачанов на Фејбук.
Тој додаде дека можеби во урнатините на селото Баница, каде сè уште е духот на Гоце Делчев, ќе дојде до помирување и просветлување на неговиот лик и дело.