Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 984 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 598 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
– Во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70, во ковид-центарот во Гостивар 39, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 53 пациент, во Кочани 18, во Кичево 18, во Кавадарци 30, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар шест позитивни и суспектни на вирусот – се наведува во соопштението во кое се додава дека бројките се менуваат од час на час, според направените приеми и исписи на пациенти.