Бројот на починати од коронавирус во Италија е најголем од 21 април, а со 474 нови смртни случаи, вкупниот број на жртви се искачи на 28.710, соопшти Службата за цивилна заштита во земјата.
        
Според Ројтерс, бројот на починати драстично се зголемил во однос на петокот, кога се пријавени 269 смртни случаи. Денешниот пораст на смртните случаи дојде по долг, постепен пад, а жртвите се претежно од Ломбардија, каде денеска се пријавени 329 смртни случаи во споредба со 88 во петоот.
        
Бројот на новозаболени е стабилен веќе трет ден по ред, а денес има 1,9 илјади нови случаи, со што вкупниот број заразени е 209.328.
        
Италија е на второ место во светот во однос на смртните случаи, зад САД, и на трето место по инфицирани по САД и Шпанија.