Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со ковид-19.
Според последните податоци, На Инфективната клиника вкупно се примени 90 лица. На кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556 лица, од кои над 2.000 се од Скопје.
Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19.