Хелсиншкиот комитет за човекови права информира дека поради превенција од ширењето на вирусот КОВИД-19, согласно насоките дадени од страна на Министерството за здравство, бесплатната правна помош граѓаните ќе можат да ја добијат на следниве телефонски броеви: 02 3119 073 и 072 278 436 како и по електронска пошта на адресата на Хелсиншкиот комитет: [email protected].
Граѓаните со итни и неодложни правни проблеми, по претходна телефонска консултација со правниот тим, ќе можат лично да се обратат во канцелариите на Хелсиншкиот комитет.