Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека новогодишната ноќ помина мирно за дежурните екипи споредбено со претходните години.
Во Ургентниот хируршки центар извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 во изминатите години.
Десеттина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу помалку споредбено со 30тина случаи кои биле примени во претходните години.
– Навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирање и тоа е една голема заслуга и на граѓаните – рече Филипче.